УТРО.мк

Ноќен кошмар за Русија: НАТО разгледува шокантна одлука

Ноќен кошмар за Русија: НАТО разгледува шокантна одлука
Vero

НАТО ја разгледува можноста за затворање на украинскиот воздушен простор по нападот на Русија врз Полска

Рускиот напад врз Полска минатата недела не предизвика значителни последици за Москва, но ја зголеми загриженоста на НАТО. Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, оцени дека Русија „опасно се приближува“ до прагот за активирање на членот 5 од НАТО, кој предвидува колективна одбрана.

Полска собори четири од 19 дронови кои влегоа во нејзиниот воздушен простор, а еден падна на 400 километри од украинската граница. Нападот принуди НАТО да подигне воени авиони и да започне операција за одвраќање наречена „Eastern Sentry“. Сепак, штетата била ограничена, без човечки жртви.

Сикорски истакна дека нападот е обид за тестирање на одбраната на НАТО, но дека Полска мора подобро да се подготви за слични закани, особено кон логистички центри како аеродромот Жешув, клучен за поддршка на Украина. Украина понуди помош во изградба на полските капацитети за електронско војување и пресретнување дронови, а двете земји ќе спроведат заеднички вежби.

Сикорски додаде дека идејата за затворање на дел од украинскиот воздушен простор со системите на НАТО може повторно да се разгледа, како дел од заедничкото управување на просторот со Украина.

На прашањето за сигурноста на источниот крилo на НАТО, Сикорски истакна дека нападот покажал дека алијансата е подготвена и обединета. Тој ја поддржува иницијативата за санкции кон Русија, но е воздржан кон можни мерки кон Кина, додавајќи дека Европа веќе има воведено 18 пакети санкции против Москва.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран