Грција ја затвора вратата за Турција во одбранбениот програм на ЕУ
Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, изјави дека Турција не би требало да учествува во одбранбениот програм „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), кој го поддржува буџетот на Европската унија за јакнење на одбранбените капацитети на блокот.
„Нашиот став е дека земји кои се закануваат со војна на членките на ЕУ не можат да учествуваат“, рече Мицотакис, aлудирајќи на Анкара, на заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој е во прва официјална посета на Атина.
Мицотакис додаде дека Турција треба да гради добри односи со Европа, но тоа бара почитување на нејзините принципи.