Земјотрес почувствуван во Бугарија
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтер беше регистриран утрово, 15 септември, во 08:01 часот, на околу 57 километри од Бургас, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Хипоцентарот се наоѓал на длабочина од 16,8 километри. Засега нема информации за штети или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата.