Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Украина не смее да ја гаѓа Москва, демантирајќи ги тврдењата објавени од „Фајненшл Тајмс“ дека ја охрабрувал Украина да ја засили воената активност на руска територија.
„Фајненшл Тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори, објави дека Трамп прашал дали Киев може да ја гаѓа Москва доколку добие оружје со долги домети од САД. На новинарско прашање дали тоа е точно, Трамп јасно одговори: „Не, тој не смее да ја гаѓа Москва.“
Во понеделникот, Трамп најави заострување на американската политика кон Русија, ветувајќи нова воена помош за Украина и давајќи на Москва рок од 50 дена да постигне договор, во спротивно ќе се соочи со санкции.
На прашањето дали е на страната на Украина, Трамп одговори дека не е „ничија страна“, туку дека е на страната на човештвото затоа што сака да се запрат убиствата.
Тој ја бранеше одлуката да се постави рок од 50 дена за Русија, оценувајќи дека тоа е доволно време за постигнување договор и предупреди дека евентуално непродолжување на договорот ќе има сериозни последици.