Лидерите на Тајланд и Камбоџа денеска во Куала Лумпур потпишаа договор за прекин на огнот, со што официјално го зацврстија примирјето што беше договорено пред три месеци. На церемонијата присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јули интервенираше за да се стави крај на петдневниот граничен конфликт меѓу двете земји.
Претседателот Трамп претходно ги повика двете страни да ја прекинат конфронтацијата, предупредувајќи дека, во спротивно, нивните трговски преговори со САД би можеле да бидат замрзнати.
Договорот го потпишаа камбоџанскиот премиер Хун Сен и тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул, со цел да се обезбеди трајна стабилност на граничниот регион и да се зајакнат билатералните односи меѓу двете земји.































