УТРО.мк

Трамп потврди: Ќе ја зголемам царината за Индија поради руската нафта

Трамп потврди: Ќе ја зголемам царината за Индија поради руската нафта
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Индија поради продолженото купување на руска нафта, обвинувајќи ја дека профитира на сметка на украинските жртви и најави зголемување на царините за индиски производи.

„Индија не само што купува огромни количини руска нафта, туку и најголем дел од таа нафта ја препродава на отворениот пазар за голем профит. Не им е гајле колку луѓе умираат во Украина од рускиот воен апарат“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Тој најави дека како одговор на тоа, ќе ги зголеми царините што Индија ги плаќа на САД, иако не наведе конкретни износи.

Претходно, два владини извори од Индија за „Ројтерс“ изјавија дека земјата нема намера да го прекине купувањето руска нафта, без оглед на предупредувањата од Вашингтон.

Во меѓувреме, од петокот веќе е активна царина од 25 отсто на одредени индиски производи, како резултат на индиското купување оружје и енергенси од Русија.

Трамп дополнително се закани дека ќе воведе царини до 100 проценти за увозот од сите земји што ќе продолжат да купуваат руска нафта, освен ако Москва не постигне мировен договор со Украина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран