
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги прекине нападите врз руските рафинерии и другите капацитети поврзани со производството на дизел-гориво, оценувајќи дека тие придонесуваат за недостигот и растот на цените на светскиот пазар.
„Зеленски мора да престане да го уништува дизел-горивото во Русија. Постојат многу други цели. Не го напаѓајте дизелот, тоа му штети на светот“, изјави Трамп пред новинарите за време на посетата на голф-турнирот „Ајриш опен“ во Ирска.
Трамп откри дека за ова прашање веќе разговарал со украинскиот претседател. Според него, актуелниот недостиг на дизел не е предизвикан првенствено од случувањата на Блискиот Исток, туку од војната меѓу Русија и Украина.
https://x.com/i/status/2099128010653774001

















