УТРО.мк

(ВИДЕО) Не сте во брак на 25 години? Во Данска пријателите може да ве врзат и да ве посипат со цимет

(ВИДЕО) Не сте во брак на 25 години? Во Данска пријателите може да ве врзат и да ве посипат со цимет
Vero

Необична роденденска традиција од Данска повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Според обичајот, луѓето кои го прославуваат 25. роденден, а сè уште не стапиле во брак, пријателите и семејството ги посипуваат со големо количество цимет.

На снимките што кружат на интернет може да се види како славеникот е врзан за столб, по што присутните го полеваат со вода и го покриваат со цимет од глава до пети. Водата се користи за зачинот полесно да се залепи, а во некои верзии од обичајот се употребуваат и јајца.

Иако ритуалот изгледа сурово, во Данска се смета за шеговит начин на одбележување на роденденот, а не за осуда на лицата кои не се во брак. Данската туристичка организација ја наведува оваа практика меѓу необичните традиции во земјата.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin
Green Machines

Најнови вести

Ilirika
MegaWin
MegaWin