
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Украина и Русија постигнале договор за запирање на нападите врз енергетските објекти на двете страни.
„Украина се согласи да не напаѓа руски енергетски цели. Русија се согласи да го направи истото“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп истовремено се осврна и на растот на цените на дизелот на светските пазари, оценувајќи дека главната причина е војната меѓу Русија и Украина, а не конфликтот со Иран.
Неговата објава уследи по изјавите во кои тој го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да престане со нападите врз руските рафинерии за производство на дизел.
Трамп претходно изјави дека нападите врз рафинериите придонесуваат за намалување на глобалната понуда на дизел и повисоки цени на горивото. Тој потврди дека Вашингтон директно разговарал со Зеленски за ова прашање.
Според американскиот автомобилски клуб ААА, просечната цена на галон дизел во САД во понеделникот изнесувала 6,23 долари, што претставува највисоко регистрирано ниво досега.

















