УТРО.мк

Струјата ја трошел без да биде регистрирана, виничанец пријавен за кражба

Струјата ја трошел без да биде регистрирана, виничанец пријавен за кражба
Vero

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против 41-годишен жител на Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Според пријавата, В.М. во Виница извршил премостување на мерната опрема, со што овозможил преземање на делумно или целосно нерегистрирана количина електрична енергија.

Со ваквото постапување, според надлежните, на „Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје“ ѝ била предизвикана материјална штета во вкупен износ од 181.972 денари, односно околу 3.000 евра.

Случајот е пријавен до надлежните органи, кои ќе постапуваат понатаму.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin