УТРО.мк

Трамп: Немаат поима што мислам

Трамп: Немаат поима што мислам
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли наводите на весникот The Wall Street Journal дека одобрил план за американски напад врз Иран, истакнувајќи дека тие „немаат поим“ што тој навистина мисли за конфликтот меѓу Израел и Иран.

„The Wall Street Journal немаат поим што јас мислам за Иран“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, коментирајќи извештајот во кој весникот, повикувајќи се на тројца анонимни официјални извори, тврдеше дека Трамп го одобрил планот за напад, но го одложил издавањето на конечната наредба додека не се утврди дали Техеран ќе се откаже од нуклеарната програма.

Според изјава на неименуван американски функционер за порталот Axios, конечната одлука на Трамп зависи од можноста ракетата за длабоко пробивање во утврдувања (MOP) да го уништи подземниот ирански објект за збогатување ураниум во Фордо, пренесе британскиот Guardian.

Во изјава за новинарите, Трамп вчера изјави дека „има идеи што да направи“, но дека сѐ уште не донел конечна одлука.

„Можеби ќе го направам тоа, можеби нема. Следната недела ќе биде многу важна, можеби дури и пред тоа“, изјави Трамп.

Од иранската мисија при Обединетите нации соопштија дека „Иран не преговара под притисок“ и дека „нема да прифати мир кој доаѓа како резултат на присила“.

Неизвесноста околу евентуално директно американско вмешување во конфликтот се зголеми по неодамнешните изјави на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој го нарече Трамп „голем пријател на Израел“ и му се заблагодари за „непоколебливата поддршка“.

По нападот на Израел врз Иран на 13 јуни, кој беше проследен со жестоки ракетни и беспилотни напади од Техеран врз израелска територија, Пентагон распореди дополнителни сили на Блискиот Исток – вклучувајќи три разорувачи на морнарицата и две ударни групи со носачи на авиони. Стејт департментот, пак, ја зголеми помошта за американските граѓани на кои им беше препорачано да го напуштат регионот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран