УТРО.мк

Трамп најавува облакодери и одморалишта во Газа

Трамп најавува облакодери и одморалишта во Газа
Vero

Со амбициозна визија за обновување од нула, САД вчера го претставија проектот „Нова Газа“, кој треба да ја трансформира енклавата во современ центар со станбени кули, индустриски паркови и крајбрежни одморалишта. Иницијативата е дел од поширокиот план на америкнаскиот претседател Доналд Трамп за глобално решавање на конфликти преку својот „Одбор за мир“.

Презентацијата се одржа во Давос, Швајцарија, каде Трамп го покани својот зет, Џаред Кушнер, да ги прикаже деталите од мастер планот. Слајдовите, полни со светкави слики од медитерански брег сличен на Дубаи и Сингапур, претставуваа визија за ново градско јадро и модерни економски зони. Првите чекори би започнале во Рафа, под целосна израелска контрола.

Но, планот остава клучни прашања без одговор: каде ќе се сместат раселените Палестинци, како ќе се регулираат имотните права и која ќе биде финансиската основа за проектот, што подразбира расчистување на околу 68 милиони тони урнатини и воен отпад. Кушнер најави дека во наредните недели во Вашингтон ќе се објават придонеси од приватниот сектор, без да даде дополнителни детали.

Палестинците реагираа скептично. Али Шаат, технократски лидер поддржан од САД за администрирање на Газа, најави дека преминот Рафах со Египет ќе се отвори следната недела, што би овозможило слободен излез и влез на населението. Израел сепак го условува повторното отворање со исполнување на обврските на Хамас за прекин на огнот и враќање на останките на последниот заложник.

Во меѓувреме, насилството во енклавата не запира. Здравствените власти пријавија дека израелските воздушни и тенковски напади во четвртокот одзеле пет животи, вклучувајќи цивили во Кан Јунис и предградијата на град Газа. Еден ден претходно, во израелски напади загинаа 11 лица, меѓу нив и тројца новинари, кои според палестинските организации биле поврзани со документирање на условите во раселените кампови. Израелската војска соопшти дека дронот што го користеле новинарите бил поврзан со Хамас, и оттаму се одговорни за ударот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран