
Сериозен инцидент со елементи на насилство врз малолетно лице бил пријавен вчера во СВР Скопје. Според полицискиот билтен, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од непознато лице на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром.
Настанот се случил околу 12:30 часот, кога напаѓачот, според пријавата, насилно го турнал тинејџерот во багажниот простор од своето патничко возило. Притоа од него барал да му открие кој фрлал снежни топки по неговиот автомобил.
Во пријавата се наведува дека напаѓачот физички го нападнал и другарот на малолетникот кој бил со него во моментот на инцидентот.



























