УТРО.мк

Мицкоски во Давос: Македонија како енергетски и технолошки хаб за странски инвестиции

Мицкоски во Давос: Македонија како енергетски и технолошки хаб за странски инвестиции
Vero
mickoski
mickoski

На Светскиот економски форум во Давос, премиерот Христијан Мицкоски претстави амбициозна енергетска стратегија на Македонија, која има за цел да ја позиционира земјата како атрактивна дестинација за странски инвестиции и развој на технологијата за вештачка интелигенција.

„За развој на дата-центри за вештачка интелигенција е потребно стабилно и одржливо снабдување со енергија. Македонија го обезбедува токму тоа“, рече Мицкоски пред инвеститорите, истакнувајќи дека владата е подготвена да ја преземе целата институционална одговорност за ризиците, како поттик за инвеститорите.

Клучните проекти вклучуваат изградба на гасни конектори со Грција и Србија, кои ќе овозможат капацитет од 8 милијарди кубни метри гас годишно. Дополнително, Македонија планира три големи хидроенергетски проекти на Црна Река, со вкупна вредност од 2 милијарди евра. „Овие проекти не се важни само за нас, туку за целиот регион. Тие ќе обезбедат чиста вода за пиење и ќе го зајакнат земјоделството во познатиот Тиквешки регион, кој се наоѓа низ каскадата на Црна Река“, објасни премиерот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран