
Со поздравно обраќање од претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер, официјално беше означен почетокот на проектот ПУЛС – Жените двигатели на енергетската транзиција, посветен на јакнење на улогата на жените и унапредување на родовата инклузивност во енергетскиот сектор.
Настанот се одржа во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, која го поздрави стартот на проектот и истакна дека ваквите иницијативи се клучни за градење порамноправна, поиновативна и поотпорна енергетска иднина.
Претседателката на Надзорниот одбор на ЕВН Македонија, г-ѓа Александра Витман, преку видео обраќање потврди долгорочна посветеност на ЕВН Групацијата кон родовата еднаквост и разновидност како двигател на развојот во енергетскиот сектор.
Проектот ПУЛС, презентиран од г-ѓа Анета Петровска-Русомароски, раководител на Одделот за иновации, одржливост и заштита на животната средина во ЕВН Македонија, опфаќа менторство, инклузивно лидерство, регионални и меѓународни соработки и создавање мрежа на жени.



























