УТРО.мк

Повеќе од екран: Магијата на “S Pen“ пенкалото и практични гестови

Повеќе од екран: Магијата на “S Pen“ пенкалото и практични гестови
Vero

Вашиот “Galaxy“ уред не е само паметен телефон. Тој е вашето креативно студио, личен асистент и дигитален трезор, сè во едно. Во овој серијал од шест дела, гиоткриваме карактеристиките што тивко го прават секојдневниот живот попаметен, поедноставен и позабавен. Од целосна персонализација и автоматизација, до алатки за фотографирање и приватност на професионално ниво, секој “Galaxy“ уред е создаден да ги надмине очекувањата. А со до шест години ажурирања на оперативниот систем за серијата “Galaxy A“ и до седум години за сериите “Galaxy S“ и “Z“, вашиот “Galaxy“ продолжува да се развива долго откако прв пат ќе го вклучите.

Пенкалото е помоќно (и попаметно) од кога било до сега – од AI алатки до креативни трикови

Скопје, 23 јануари 2026 година –Како што рекол поетот, перото е помоќно и од мечот, а кога станува збор за “S Pen“ пенкалото на “Galaxy S25 Ultra“ или “Galaxy Tab S11“, тоа дефинитивно е и попаметно.

S Pen“ пенкалото, достапно за овие модели, нуди многу повеќе од обично пишување. Може да служи како далечински управувач за презентации, бленда на камерата па дури и личен преведувач благодарение на функциите со вештачка интелигенција.

Користете го за резимирање или за да преглед на текст, или за функцијата „Заокружи за Пребарување“ (Circle to Search) кога сакате инстант одговори без пишување. А пак при уредување на фотографии, “S Pen“ овозможува прецизно да го заокружите и отстраните она што не сакате да го има на фотографијата, без да се мачите со прстите.

Во комбинација со апликацијата “PenUp“, подеднакво ги поттикнува креативноста и фокусот. Станува збор за креативна платформа дизајнирана да ги оживее вашите идеи со помош на “S Pen“ пенкалото. Нуди разновидни алатки за цртање, скицирање и создавање дигитална уметност, што го прави совршен избор за уметници, за оние кои водат белешки и за секој што сака да ја изрази својата креативност.

Совршена комбинација:Galaxy S25 Ultra“ и “Tab S11“ го извлекуваат целосниот потенцијал од “S Pen“ пенкалото, претворајќи го ракописот во белешки, цртежите во уметност, а идеите во реализација.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран