Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека блокот БРИКС претставува „напад врз доларот“ и нагласи дека земјите-членки почнале да го напуштаат сојузот откако неговата администрација се заканила со воведување царини поради обидите за намалување на употребата на американската валута.
„Им реков на сите што сакаат да бидат дел од БРИКС дека тоа е во ред, но ќе воведам царини за нивните земји. Сите се откажаа. Сите излегуваат од БРИКС,“ изјави Трамп за време на средбата со аргентинскиот премиер Хавиер Милеј во Белата куќа.
Тој потенцира дека цврсто стои зад доларот и дека тргувањето во оваа валута носи предност во однос на оние што не ја користат.
„БРИКС беше напад врз доларот, и реков дека секој што сака да ја игра таа игра ќе сноси последици – ќе воведам царини на сите нивни производи што влегуваат во САД. Тие рекоа, како што и предвидов, ‘го напуштаме БРИКС’, и денес повеќе никој ни не зборува за тоа“, додаде Трамп, пренесува The Times of India.