УТРО.мк

Трагедија во Тексас: 104 загинати во поплавите, сè уште се бараат исчезнати

Трагедија во Тексас: 104 загинати во поплавите, сè уште се бараат исчезнати
Vero

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што ја погодија американската сојузна држава Тексас на 4 јули се искачи на 104 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите и расчистување на последиците од надојдените реки и урнатата инфраструктура.

Меѓу загинатите се и 27 девојчиња и нивни воспитувачи од христијанскиот летен камп „Кемп Мистик“, кој се наоѓа во округот Кер. Локалните власти соопштија дека досега се пронајдени телата на 84 лица, од кои 28 се деца. Десет девојчиња и еден воспитувач од кампот сè уште се водат како исчезнати.

Надлежните институции најавија дека ќе ја одложат објавата на информации во врска со метеоролошките предупредувања и причините поради кои некои летни кампови не биле навреме евакуирани, и покрај најавите за обилни врнежи и опасност од поплави.

Властите предупредуваат дека опасноста не е помината – поради нови врнежи кои се очекуваат во наредните денови, особено во централниот дел на Тексас, постои реален ризик од дополнителни поплави. Бројот на жртви, според нив, најверојатно ќе продолжи да расте.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран