УТРО.мк

Иран започнува сериозно да се вооружува по конфликтот со Израел

Иран започнува сериозно да се вооружува по конфликтот со Израел
Vero

Иран го зајакнува ракетниот штит со кинески системи по конфликтот со Израел

Иран купил напредни кинески системи земја-воздух (SAM) за да ја обнови својата воздушна одбрана, значително оштетена за време на неодамнешниот 12-дневен вооружен судир со Израел, објави Middle East Eye, повикувајќи се на извори блиски до разузнавачките служби.

Според информациите, испораките започнале по постигнувањето на неформалното примирје меѓу Иран и Израел на 24 јуни. Еден висок арапски функционер изјавил дека Белата куќа била навреме информирана за договорот меѓу Техеран и Пекинг, додека други извори тврдат дека Иран плаќа за системите со нафта – главниот адут на земјата, особено во односите со Кина, која е најголем увозник на иранска нафта и откупува околу 90% од извозот, и покрај американските санкции.

Договорот со Пекинг се случува во период на продлабочување на иранско-кинеските односи. Иако Кина, заедно со Русија, остана неутрална за време на израелските напади, нејзината улога во зајакнувањето на иранската одбрана добива нова тежина.

За време на конфликтот, Израел уништи неколку ирански лансери за балистички ракети и ликвидираше високопозиционирани воени команданти. Сепак, Иран одговори со удари врз израелски цели, меѓу кои и во Тел Авив и Хаифа.

Моментално, Иран користи мешавина од руски С-300 системи, постари кинески модели и домашно развиени батерии како „Хордад“ и „Бавар-373“. Сепак, тие имаат ограничени способности против модерните израелски авиони како Ф-35. Новите кинески системи HQ-9 и HQ-16, кои веќе се извезуваат во Пакистан и Египет, сега ќе станат дел и од иранскиот арсенал.

Во меѓувреме, се најавува средба меѓу Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следниот понеделник, каде се очекува Иран и неговата нуклеарна програма да бидат клучни теми на разговор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран