
Во Хамбург, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако 25-годишен маж ја повлече 18-годишната девојка на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока, јавува „Шпигел“.
Полицијата соопшти дека засега нема индиции дека мажот и жртвата се познавале, а Одделот за убиства ја презеде истрагата, со сомневање во убиство. Мотивите за трагичниот потег се сè уште непознати.
Според полициското соопштение, девојката чекала на перонот, а мажот одеднаш ѝ се приближил и ја зграпчил, по што дватајцата починале на местото на несреќата. Сведоците настанот го опишуваат како шокантен, а многумина добија психолошка помош.
Сообраќајот на линијата U1 беше привремено прекинат помеѓу станиците Вартенау и Вандсбек-Гартенштат, но од утрово возовите повторно сообраќаат според редовниот распоред.























