
Американската Агенција за соработка во одбраната и безбедноста (DSCA) објави дека Израел ќе набави ново воено вооружување од САД, вклучувајќи 30 борбени хеликоптери „Апачи“ и сродна опрема во вредност од околу 3,8 милијарди долари. Дополнително, договорено е Израел да добие 3.250 заеднички лесни тактички возила за 1,98 милијарди долари, опрема за оклопни транспортери за околу 740 милиони долари и лесни повеќенаменски хеликоптери за приближно 150 милиони долари.
САД се најголем сојузник на Израел во делот на воената поддршка и продажбата на оружје.
Покрај тоа, Стејт департментот ја одобри и набавката на 730 ракети за системот за воздушна одбрана „Патриот“ и сродна опрема за Саудиска Арабија, во вредност од девет милијарди долари. DSCA го информираше Конгресот на САД за овие планови.























