УТРО.мк

Измамници ја таргетираа старосната популација во Штип

Измамници ја таргетираа старосната популација во Штип
Vero

Во последните 24 часа на подрачјето на Штип се регистрирани две измами врз повозрасни лица, при што сторителите се претставувале како лекари и известувале за наводни сообраќајни несреќи со повредени членови на семејството.

Првиот случај бил пријавен вчера во 11:30 часот од 96-годишен маж, кој навел дека бил измамен за 3.500 евра. Лицето телефонски се претставило како лекар и тврдело дека неговата ќерка има скршеници и е потребна итна операција. По претходен договор, парите биле фрлени од балконот и преземени од лице што чекало под објектот, по што исчезнало. По контакт со ќерката, мажот сфатил дека станува збор за измама.

Вториот случај бил пријавен во 16:30 часот од 77-годишна жена, која исто така била измамена на сличен начин. Лицето кое се претставило како лекар и рекло дека нејзината ќерка е тешко повредена, добило 3.000 евра, 30.000 денари и златен накит, кои жената ги предала од балконот. По преземањето, сторителот го напуштил местото.

Министерството за внатрешни работи соопштува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите и откривање на сторителите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран