
Жители на Киев на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од своите станови, покажувајќи ги условите во кои живеат поради ниските температури и проблемите со греењето. На објавите се гледаат замрзнати радијатори, термометри со температури близу нулата и импровизирани решенија за затоплување.
Граѓаните сведочат дека ноќите ги минуваат облечени во повеќе слоеви облека, користат ќебиња, свеќи и импровизирани мали греалки за да ја задржат топлината. Дел од нив наведуваат дека состојбата е особено тешка за постарите лица и семејствата со мали деца.























