УТРО.мк

САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина

САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина
Vero

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека странски фактори, меѓу кои американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Европската Унија, стојат зад поттикнувањето на антивладините протести во Иран. Говорејќи во мавзолејот на ајатолахот Хомеини, тој нагласи дека правдата мора да биде водилка на власта и дека мирните демонстранти треба да бидат сослушани, но без нарушување на суверенитетот на државата, објавува Ал Џезира.

Пезешкијан оцени дека надворешните притисоци придонесуваат за ескалација на тензиите и провокации меѓу граѓаните, додавајќи дека ниту една сила не може да ја дестабилизира државата која функционира врз принципите на правда и фер однос.

Во меѓувреме, Соединетите Американски Држави упатија предупредување до Корпусот на Исламската револуционерна гарда дека нема да толерираат небезбедни дејствија за време на најавената дводневна поморска вежба со боева муниција што Иран ќе ја одржи заедно со Русија и Кина во Ормутскиот теснец.

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека приближувањето на ирански глисери или прелетувањето над американски воени бродови го зголемува ризикот од инциденти и дестабилизација во регионот. Од таму потенцираа дека САД ќе продолжат да постапуваат професионално и во согласност со меѓународните норми, очекувајќи ист пристап и од иранската страна.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран