УТРО.мк

Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор
Vero

Американски патролен авион за противподморничко извидување „Боинг П-8А Посејдон“ бил забележан како лета над неутралните води на Персискиот и Оманскиот Залив, во близина на иранската граница, во услови на засилени извидувачки активности на САД во регионот.

Според неименуван извор од контролата на воздушниот сообраќај, кој зборувал за руските медиуми, авионот се движел во непосредна близина на иранскиот воздушен простор, на височина од нешто повеќе од 6.000 метри, а полетал од аеродром во Бахреин, пренесува ТАСС.

Истиот извор потсетува дека во изминатите денови во истиот регион било регистрирано и американско беспилотно летало од типот „Нортроп Груман МК-4Ц Тритон“, наменето за долготрајно надгледување на големи копнени и морски површини.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран