УТРО.мк

Техеран бара од МААЕ да го осуди нападот пред да дозволи инспекции

Техеран бара од МААЕ да го осуди нападот пред да дозволи инспекции
Vero
iran vlada
iran vlada

Иранската агенција за атомска енергија го постави Меѓународниот атомски орган пред јасно прашање: пред да им биде дозволен пристап до нуклеарните објекти, МААЕ мора да се изјасни за нападите на САД и Израел врз иранските постројки минатиот јуни.

Шефот на иранската агенција, Мохамед Еслами, критички оцени дека инспекциите до сега биле ограничени само на објекти кои не биле погодени и го обвини МААЕ дека подлегнала на притисок од западни сили. „Нереално е, непрофесионално и неправедно што вршат притисок врз нас поради влијанието од Израел и САД“, рече Еслами, додавајќи дека Техеран уште минатиот септември побарал забрана за воени напади врз нуклеарни објекти, но барањето било игнорирано и исклучено од дневниот ред на Генералната конференција на агенцијата.

Коментарите на Еслами следуваа по изјавата на генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, кој во вторникот предупреди дека спорот околу инспекциите „не може да трае вечно“. Сепак, Гроси не се осврна директно на нападите, ниту прецизно го објасни протоколот за проверка на објекти погодени од бомби.

„Пристапот до локации кои биле нападнати бара посебен протокол. Кога постојат воени напади и еколошки ризици, тоа мора да се дефинира и да се постават јасни упатства“, изјави Еслами, нагласувајќи дека Иран чека јасно ставување на МААЕ за улогата на агенцијата во вакви инциденти.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран