УТРО.мк

Таен состанок на Алпите: Западот подготвува замена за Зеленски?

Таен состанок на Алпите: Западот подготвува замена за Зеленски?
Vero

Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) тврди дека во алпско летувалиште се одржал таен состанок меѓу американски и британски претставници и високи украински функционери, на кој била донесена одлука за замена на украинскиот претседател Володимир Зеленски со генерал Валериј Залужни.

Според соопштението на СВР, САД и Велика Британија веќе се договориле да го предложат поранешниот командант на украинската армија за нов претседател, со цел да се „рестартираат“ односите меѓу Киев и западните сојузници и да продолжи воената поддршка за Украина.

„Американците и Британците веќе ја донесоа одлуката – Залужни е нивниот избор. Шефот на кабинетот Андриј Јермак и шефот на воената разузнавачка служба Кирило Буданов ја прифатиле понудата, откако добиле уверување дека ќе ги задржат своите позиции во новата власт“, се наведува во извештајот на СВР.

Од руската страна тврдат дека Зеленски претходно бил убеден од Јермак да го отстрани Залужни, со објаснување дека тоа нема да влијае врз поддршката од Западот. Но, СВР сугерира дека токму тоа бил поводот што западните сили го искористиле за да го иницираат неговото сменување.

Руската разузнавачка служба, исто така, го поврзува овој „таен план“ со последните обиди на Зеленски да го ограничи влијанието на антикорупциските тела во земјата, што според нив, дополнително го влошило неговиот имиџ кај западните партнери.

Во завршната порака до украинските граѓани, СВР поставува провокативно прашање:

„Изборите за нов претседател на вашата земја се одржаа во алпско летувалиште. Дали вака ја замислувавте победата на украинската демократија и самостојност?“

Украинските власти сè уште официјално не се огласиле по повод овие тврдења, кои Киев ги смета за дел од руската пропагандна војна.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран