УТРО.мк

Свлечиште во Сицилија: Десетици згради во Нисеми висат над бездна, 1.500 жители евакуирани

Свлечиште во Сицилија: Десетици згради во Нисеми висат над бездна, 1.500 жители евакуирани
Vero
italija
italija

Сицилијанскиот град Нисеми се соочува со драматични сцени откако силна бура предизвика масовно лизгање на земјиштето, оставајќи десетици станбени згради опасно надвиснати над длабока провалија. Дел од ридот на кој е изграден градот буквално попуштил, а земјата продолжува да се движи, предупредуваат италијанските власти.

Нисеми, град со околу 25.000 жители сместен на висорамнина во јужна Сицилија, со години постепено се лизга кон рамнината под него, но последните обилни дождови ја забрзале катастрофата. Над 1.500 жители веќе беа принудени да ги напуштат своите домови, откако цели квартови станаа небезбедни.

Фотографиите од теренот сведочат за сериозноста на ситуацијата: згради кои висат преку работ на свлечиштето и автомобил паркиран така што предниот дел му е над бездна што зјае под него.

„Мора да бидеме искрени – има куќи што повеќе не се погодни за живеење“, изјави директорот на италијанската Агенција за цивилна заштита, Фабио Чичилијано, за време на посетата на погоденото подрачје. Тој потврди дека жителите од најзагрозените зони ќе бидат трајно преселени и дека засега не може да се зборува за враќање во нивните домови.

Според него, детална проценка на штетите ќе биде можна дури откако водата ќе се повлече и движењето на земјиштето ќе запре или барем значително ќе се намали. „Свлечиштето сè уште е активно“, предупреди Чичилијано.

Во меѓувреме, италијанската влада прогласи вонредна состојба за Сицилија, Сардинија и Калабрија – трите јужни региони тешко погодени од серија бури во изминатата недела. Кабинетот на премиерката Џорџија Мелони одобри 100 милиони евра за итна помош, но локалните власти проценуваат дека вистинската цена на уништувањето ќе биде далеку поголема.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран