УТРО.мк

Светот пред нова голема војна? – Трамп размислува за копнена операција во Венецуела

Светот пред нова голема војна? – Трамп размислува за копнена операција во Венецуела
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека одобрил тајна акција на ЦИА против Венецуела и размислува за проширување на американските воени операции против наводните нарко-картели и на копнената територија на земјата, јавува AFP.

Трамп ги оправдува своите потези со тврдењето дека претседателот Николас Мадуро води „нарко-терористички режим“ и дека ослободува затвореници кои потоа се испраќаат во САД. Претседателот додаде дека американските напади на Карибите веќе довеле до смрт на најмалку 27 лица и дека нови акции се разгледуваат за копнени цели.

Во одговор на новинарско прашање дали ЦИА добила овластување да го свргне Мадуро, Трамп се огради со тоа дека не може да одговори, но потврди дека се разгледува можност за проширување на воените активности против наводните нарко-картели на копно.

Во меѓувреме, Мадуро ја осуди американската интервенција како „државен удар кој го води ЦИА“ и нареди воени вежби низ најсиромашните населби во Венецуела, како и мобилизација на армијата, полицијата и цивилната милиција за заштита на планините, крајбрежјето, училиштата, болниците, фабриките и пазарите.

Иако Трамп тврди дека не се обидува да го смени режимот во Венецуела, тој го обвинува Мадуро за кражба на претседателските избори и го смета неговото владеење за нелегитимно, додека Мадуро ги негира обвинувањата и инсистира дека не управува со нарко-картел.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран