Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Турција (АФАД) соопшти дека денеска во западниот дел на земјата, во регионот Баликесир, е регистриран земјотрес со магнитуда од 6,1 степени.
Земјотресот се почувствувал и во Истанбул, како и во поширокиот регион на Мармара и Егејското крајбрежје.
Епицентарот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.