
Мексико Сити – Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер денеска го погоди Мексико Сити, при што 12 лица се повредени, а градот пријави штети на инфраструктурата.
Градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада Молина, изјави дека по активирањето на протоколот за реагирање на земјотреси биле пријавени паднати пет столбови и четири дрвја низ градот. Дополнително, забележани се 18 прекини на електрична енергија во различни населби.
„Две структури се проценуваат поради ризик од урнување, а како превентивна мерка се проверуваат 34 згради и пет куќи“, додаде градоначалничката.



























