Американскиот Сенат одобри предлог-закон кој би ја завршил 41-дневната блокада на владата, а сега документот оди во Претставничкиот дом за усвојување, по што претседателот Доналд Трамп треба да го потпише за официјален крај на блокадата.
Законот предвидува финансирање на владата до јануари 2026, вклучува три годишни закони за федерални агенции и програми, и дозволува враќање на работа на федералните службеници кои беа отпуштени за време на блокадата.
Во замена за поддршка на осум демократи, републиканците се согласиле да се одржи гласање за продолжување на даночните олеснувања за здравствена заштита до средината на декември, што беше главен услов на демократите.
Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, повика членовите да се вратат веднаш во Вашингтон за гласање, кое се очекува да започне веќе во среда, по што законот ќе биде испратен на потпис кај претседателот.























