Консумирањето кафе може да помогне против неправилен срцев ритам, спротивно на традиционалното верување, покажува најновата студија на американски научници.
Во рамките на клиничката студија DECAF, која ја испитува врската помеѓу консумацијата на кофеин и атријална фибрилација (AFib), вообичаен тип на неправилен срцев ритам, е утврдено дека кај 200 пациенти кај кои ова состојба е присутна постојано, ризикот од појава на неправилен ритам бил значително понизок кај оние кои пиеле кафе во споредба со групата пациенти кои не консумирале кафе, пренесува „Гардијан“.
Заклучоците на тимот предводен од кардиологот и професор по медицина на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, Грегори Маркус, се објавени во време кога кај повеќе од 10 милиони луѓе во САД е дијагностицирана атријална фибрилација, која може да доведе до срцев застој, крвни згрутчувања и мозочни удари.
Истражувачите, користејќи електрокардиограми и холтери, утврдиле дека кај пациентите кои пиеле кафе ризикот од појава на срцеви неправилности за време на шестмесечниот период на тестирање бил намален за 17%.























