УТРО.мк

Се огласи пилотот на рускиот МИГ-31: Над Балканот требало да започне војна меѓу НАТО и Русија?!

Се огласи пилотот на рускиот МИГ-31: Над Балканот требало да започне војна меѓу НАТО и Русија?!
Vero

Рускиот пилот кој, според тврдењата, бил регрутиран од Велика Британија и Украина за кражба на ловецот МИГ-31 со хиперсоничната ракета „Кинџал“, откри детали за заговорот.

Украинскиот регрутер кој се обидел да го убеди рускиот пилот да го киднапира авионот МИГ-31 со ракетниот систем „Кинџал“ му ветувал дека „сè ќе оди како што треба“.

Пилотот открил дека украинскиот разузнавачки офицер му објаснувал дека ова не е прв ваков обид и дека слични операции биле успешно изведени, со цел да му влее чувство на сигурност. Му било ветено дека неговите родители ќе бидат пренесени во Европа, каде што ќе им биде обезбедена „удобна медицинска грижа“.

Според податоците на руската безбедносна служба (ФСБ), Министерството за одбрана на Украина преку регрутери му ветило на пилотот три милиони долари и државјанство на една западна земја.

На неговиот копилот, наводно, му било сугерирано да го убие или да го успие главниот пилот доколку се одлучат за киднапирање на авионот.

Украинската разузнавачка служба ГУР, со помош на Велика Британија, наводно се обидела да регрутира руски пилоти за кражба на МИГ-31 вооружен со хиперсоничната ракета „Кинџал“ уште во есента 2024 година.

Планот, како што тврди ФСБ, бил авионот да биде испратен над Констанца — најголемата НАТО воздухопловна база во југоисточна Европа, во Романија — каде што би бил соборен со системи за противвоздушна одбрана, за да се инсценира руски напад врз НАТО база и така да се испровоцира војна меѓу Русија и Алијансата.

Според планот, авионот требало да пристигне во Украина во ноќта меѓу 10 и 11 ноември. Меѓутоа, во ноќта меѓу 9 и 10 ноември, руските сили извршиле ракетни напади со „Кинџали“ врз главниот центар за електронско извидување на украинската ГУР во Бровари и врз аеродромот Староконстантинов, каде што авионот наводно требало прво да слета.

Украина засега не реагирала на сериозните обвинувања на Русија.

Да потсетиме, сличен инцидент се случи и во 2022 година, кога Украина се обидела да преговара со руски пилот за кражба на авион. Но, тој случај го пријавил во ФСБ, по што наместо киднапирање, Русија извршила напад врз украинскиот аеродром кој го чекал леталото.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран