
Американската војска ја продолжи воздушната кампања против Иран, изведувајќи нов бран напади шеста ноќ по ред, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).
Според соопштението, цел на операцијата е намалување на воените капацитети на Иран и неутрализирање на заканите во регионот.
Во меѓувреме, иранските медиуми јавија дека повторно биле регистрирани експлозии на островот Кешм, како и во градовите Бандар Абас и Чабар. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или за обемот на причинетата материјална штета.
ЦЕНТКОМ е команда на американската војска одговорна за операциите на Блискиот Исток, а последните напади доаѓаат во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран.
Ситуацијата во регионот останува неизвесна, а засега нема официјална реакција од иранските власти во врска со најновите американски напади.

















