УТРО.мк

До 250.000 денари грант за компаниите што ќе вработат млади до 29 години

До 250.000 денари грант за компаниите што ќе вработат млади до 29 години
Vero

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека отворањето нови работни места, намалувањето на невработеноста и подобрувањето на деловната клима остануваат меѓу главните приоритети на Владата. Од партијата посочуваат дека во тек е јавниот повик „Поддршка за креирање на нови работни места“ во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година.

Според соопштението, преку мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ ќе бидат поддржани микро, мали и средни претпријатија кои ќе отворат нови работни места. За оваа намена се предвидени 332,65 милиони денари, односно околу 5,4 милиони евра, со цел да се поддржи вработувањето на вкупно 1.385 лица.

Работодавачите ќе можат да добијат неповратни средства за вработување до пет лица, а висината на грантот ќе зависи од категоријата на вработените. Највисоката поддршка – до 250.000 денари по лице – е предвидена за вработување млади до 29 години.

За вработување лица кои се корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени и жени Ромки со завршено средно или високо образование, грантот изнесува до 220.000 денари по лице. За невработени лица постари од 29 години, финансиската поддршка е 160.000 денари по нововработен.

Дополнително, мерката предвидува и поттик за вработување македонски повратници, при што работодавачите ќе добијат дополнителни 10 проценти од одобрениот износ за секое вработено лице од оваа категорија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin