УТРО.мк

САД постигна важен договор со Кина

САД постигна важен договор со Кина
Vero

Доналд Трамп објави дека САД и Кина постигнале финален трговски договор, по дводневни интензивни преговори во Лондон. Договорот сега чека само официјално одобрување од претседателите Трамп и Шји Џинпинг, по што ќе стапи во сила, соопшти американскиот министер за трговија Хауард Лутник.

„Нашиот договор со Кина е готов, уште треба да биде одобрен од мене и од претседателот Шји. Во рамките на него, Кина ќе ги обезбеди сите потребни ретки метали и магнети“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Дополнително, договорот предвидува олеснување за кинеските студенти, кои ќе можат да студираат на американските универзитети. Станува збор за обострано важна одлука во контекст на заладените односи меѓу двете сили, особено по серијата меѓусебни обвинувања за кршење на претходниот договор.

Минатиот месец, двете земји постигнаа привремено примирје во трговската војна, која во изминатите години беше обележана со рекордно високи царини. Царините кои САД ги воведе за кинеските производи достигнаа до 145%, но по новиот договор се намалени на 30%. Истовремено, Кина ги намали царините за американски увоз на 10%.

Според најавите, договорот ќе биде официјализиран во наредните денови, што се очекува да донесе стабилност и поголема економска соработка меѓу двете најголеми светски економии.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран