УТРО.мк

САД попушти и привремено ги ублажуваат санкциите за иранската нафта: Потег кои ќе ги стабилизира цените на глобалниот пазар

САД попушти и привремено ги ублажуваат санкциите за иранската нафта: Потег кои ќе ги стабилизира цените на глобалниот пазар
Vero

Соединетите Американски Држави донесоа одлука за привремено ублажување на санкциите поврзани со нафтата, во обид да се спречат сериозни нарушувања на глобалниот енергетски пазар, кој е под силен притисок поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.


Според достапните информации, мерката се однесува на ограничено и временски дефинирано олеснување, кое овозможува одредени количини нафта – веќе натоварени или во транзит – да продолжат кон пазарите, со цел да се избегне дополнителен шок врз цените и снабдувањето.
Одлуката доаѓа во период кога цената на нафтата нагло расте, делумно поради нарушениот транспорт низ Ормутскиот теснец и нападите врз танкери, што предизвика сериозни проблеми во глобалниот синџир на снабдување.


Американските власти нагласуваат дека станува збор за краткорочна мерка, чија цел е стабилизација на пазарот, а не трајна промена на политиката кон санкциите. Според нив, олеснувањето нема да донесе значителна финансиска корист за санкционираните страни, туку ќе спречи понатамошна енергетска криза.


Истовремено, одлуката предизвика реакции кај сојузниците на САД, особено во Европа, каде дел од лидерите сметаат дека ваквиот потег може да испрати погрешен сигнал во однос на политиката на санкции и притисокот врз енергетските извозници.


Покрај тоа, се проценува дека на светските мориња во моментов се наоѓаат десетици милиони барели нафта во транзит, што дополнително ја комплицира ситуацијата и ја зголемува потребата од координирани мерки за стабилизација.


Експертите предупредуваат дека ваквите интервенции се знак дека глобалниот енергетски систем влегува во чувствителна фаза, каде секое геополитичко поместување може да има директно влијание врз цените, индустријата и економиите ширум светот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран