УТРО.мк

ДРАМА ВО СТРУМИЦА: Девојка падна во провалија – пожарникари со специјална опрема ја извлекуваа

ДРАМА ВО СТРУМИЦА: Девојка падна во провалија – пожарникари со специјална опрема ја извлекуваа
Vero

Вистинска драма се одвивала во Струмица, откако девојка паднала во провалија, по што веднаш била организирана спасувачка акција од страна на надлежните служби.
Според информациите, по пријава на бројот 112, на терен излегле екипи на пожарникари-спасители, кои со алпинистичка опрема започнале сложена акција за извлекување на повреденото лице.


Во акцијата биле вклучени и полиција и медицински тим, кои координирано работеле на лоцирање и безбедно извлекување на девојката од тешко пристапниот терен.
Спасувачите по кратка, но интензивна потрага успеале да ја пронајдат девојката во свесна состојба, по што веднаш била стабилизирана и извлечена од провалијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран