
Во фокусот на јавноста деновиве се најде Васе Анакиев, директор на Државниот инспекторат за земјоделство, по последните случувања поврзани со истрагата за поткуп. Анакиев е роден на 14 јануари 1985 година, дипломиран инженер агроном, кој студирал на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на Факултетот за земјоделски науки. Во 2024 година стекнал и титула магистер по економски науки на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Зборува англиски и српски јазик, а неговата професионална кариера започнува во 2008 година во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по што бил дел и од Комисијата за доделување на земјоделско земјиште.

Покрај институционалната кариера, тој е активен и на политичката сцена како потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија.
Името на Васе Анакиев излезе во фокусот на јавноста откако беше поврзан со случајот за поткуп од 50.000 евра, во рамки на полициска акција за борба против корупција во Македонија.
Анакиев е актуелен директор на Државниот инспекторат за земјоделство, функција на која стапил во јули 2024 година.
Неговата кариера започнува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство уште во 2008 година, по што бил дел од Комисијата за доделување на земјоделско земјиште, а подоцна и нејзин претседател.
Во периодот од 2017 до 2021 година ја извршувал функцијата претседател на Советот на Општина Чешиново-Облешево, а воедно е активен и на политичката сцена како функционер во Социјалистичката партија на Македонија.
Според информациите од истрагата, тој бил приведен во координирана акција на службите за борба против организиран криминал, под сомнение дека примил поткуп.
Случајот сè уште е во тек, а надлежните институции работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за изолиран инцидент или постои поширока корупциска мрежа.























