Американската војска разгледува можност за изградба на привремена воена база во близина на Појасот Газа, со капацитет за 10.000 војници, како дел од планот за формирање меѓународни сили кои би го следеле примирјето меѓу Израел и Хамас, јавува Блумберг.
Според барањата на американската морнарица, испратени до избрани изведувачи, се бара проценка на трошоците за база способна да поддржи 10.000 лица и да обезбеди 10.000 квадратни метри канцелариски простор за период од 12 месеци.
Американски функционер нагласува дека ова претставува рана фаза од планирањето за можна база во јужен Израел, наменета за меѓународни сили за стабилизација на регионот.























