Министерството за внатрешни работи соопшти дека во петок, на 14 ноември 2025 година, од 07:00 часот, во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров ќе се врши уништување на гранати.
Според стручната анализа, гранатите не можат да се транспортираат надвор од центарот, поради што нивното уништување ќе се изврши на лице место.
Од МВР информираат дека постапката ќе се спроведе согласно сите безбедносни стандарди предвидени за вакви операции.























