УТРО.мк

САД извршија воздушни напади врз Иран

САД извршија воздушни напади врз Иран
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД успешно извршиле воздушен напад врз три клучни ирански нуклеарни локации — Фордо, Натанз и Есфахан. Според него, акцијата била прецизна и целосно изведена според планот, а сите американски авиони се веќе вратени надвор од иранскиот воздушен простор.

„Го завршивме нашиот многу успешен напад врз трите нуклеарни локации во Иран. Целосен товар на бомби беше фрлен врз примарната локација, Фордо. Сите авиони се безбедно на пат кон дома. Честитки до нашите големи американски војници. Нема друга војска во светот што би можела да го стори ова“, соопшти Трамп.

Тој го заврши обраќањето со порака дека „сега е време за мир“, нагласувајќи дека вниманието на светот треба да биде насочено кон стабилноста и безбедноста.

Од Техеран сè уште нема официјална реакција. Нападот доаѓа во време на зголемени тензии околу иранската нуклеарна програма и се очекува да предизвика нова дипломатска и безбедносна криза во регионот. Меѓународната заедница повикува на воздржаност и мирно решение на новонастанатата ситуација.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран