TikTok креаторката @nitaxbru предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако сподели видео со наслов „Ова требаше да биде опуштен одмор… #AirbnbFail“, во кое го опиша своето ужасно искуство со наводно луксузен одмор кој завршил како вистинска ноќна мора.
Како што вели Нита, заедно со сопругот резервирале сместување преку Airbnb за вкупно 2.000 евра, очекувајќи модерно уреден апартман со базен. Но, при пристигнувањето ги дочекала сосема поинаква слика: базенот бил полн со зелена, нечиста вода – „повеќе личеше на мочуриште отколку на место за релаксација“, рече таа во видеото.
Покрај базенот, целиот екстериер бил запуштен – градината со треви до колена, небезбеден стариот трамплин, а внатрешноста уште полоша: урушен плафон, стари врати што не се отвораат лесно, и кујна во речиси распадната состојба. По само четири часа, Нита и нејзиниот сопруг го напуштиле сместувањето.
Иако не откри точна локација, многу TikTok корисници забележале кутии од хрватски марки на пиво и заклучиле дека станува збор за Хрватска. Тоа отвори широка дебата во коментарите, со бројни критики за квалитетот и цените на хрватската туристичка понуда.
„Хрватска?! Секако дека е лошо. Подобро одете во Шпанија, Грција или Турција“, напиша една корисничка.
„Ние од Хрватска веќе и не летуваме дома. Само ако имаш своја куќа, инаку не вреди“, призна една друга.
Покрај личните искуства, некои коментатори се пожалија и на односот на Airbnb, обвинувајќи ја платформата дека не им враќала пари и покрај очигледните проблеми со сместувањето.
Овој случај повторно го отвора прашањето за (не)усогласеноста меѓу цената и квалитетот на одредени сместувачки капацитети во популарните туристички дестинации, а истовремено потсетува дека лошо управување со објекти може да ја загрози и националната туристичка репутација.