УТРО.мк

Доларот зајакна поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и зголемената побарувачка за сигурни средства

Доларот зајакна поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и зголемената побарувачка за сигурни средства
Vero

По неколкунеделен пад, американскиот долар минатата недела закрепна и забележа раст во однос на главните светски валути, поттикнат од ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран. Инвеститорите, загрижени од геополитичките тензии, повторно се свртеа кон доларот како сигурно засолниште за капиталот во време на неизвесност.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на шесте најзначајни светски валути, порасна за 0,6 отсто, достигнувајќи 98,77 поени. Еврото се намали за 0,2 отсто и се тргуваше по цена од 1,1525 долари, додека доларот порасна за 1,3 отсто во однос на јапонскиот јен, достигнувајќи 146,05 јени.

И покрај тоа што доларот беше под долготраен притисок поради нестабилната тарифна политика на американскиот претседател Доналд Трамп, што резултираше со негово паѓање на најниско ниво во последните три години, новиот бран тензии на Блискиот Исток донесе промена на трендот. Почетокот на ракетниот судир меѓу Израел и Иран пред десетина дена ја зголеми побарувачката за сигурни финансиски инструменти, меѓу кои традиционално се вбројува и доларот.

Дополнителна поддршка за американската валута дојде и од минатонеделната одлука на Федералните резерви да ги задржат каматните стапки на постојното ниво, и покрај зголемениот притисок од Белата куќа за нивно намалување.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран