УТРО.мк

Руте: Да не ги преценуваме Русите, нема потреба да ги соборуваме нивните авиони

Руте: Да не ги преценуваме Русите, нема потреба да ги соборуваме нивните авиони
Vero

Руте: Толку сме посилни од Русите што нема потреба да ги соборуваме нивните авиони

НАТО не треба да ги преценува руските способности, изјави генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, обидувајќи се да ја ублажи загриженоста поради хибридните активности на Москва насочени против сојузот, пренесува Index.hr.

„Да им веруваме на нашите армии. Немојте да ги сфаќате Русите премногу сериозно“, рече Руте на прес-конференција по состанокот со министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Неговите изјави доаѓаат во момент на зголемени тензии меѓу НАТО и Москва, поттикнати од руските упади во сојузничкиот воздушен простор, како и од растечките саботажни активности и сајбер напади.

Руте нагласи дека земјите-членки на НАТО се „25 пати посилни од Русија“ во економска смисла.

Осврнувајќи се на неодамнешните воздушни инциденти, тој додаде дека е тешко да се утврди дали тие биле намерни или не.

„Толку сме посилни од Русите што нема потреба да ги соборуваме нивните авиони кога ќе влезат во нашиот воздушен простор“, изјави генералниот секретар на НАТО.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран