УТРО.мк

Руските сили извршија жестоки напади во Киев

Руските сили извршија жестоки напади во Киев
Vero

Руски сили извршија масовен воздушен напад со беспилотни летала врз Киевската област, при што се повредени три лица, оштетени се бројни згради и автомобили, а пријавени се и неколку пожари.

Шефот на Киевскиот регион, Микола Калашник, објави дека во нападот во Вишгородскиот округ биле ранети три лица. Маж на 35 години се здобил со рани од шрапнели на грбот, рацете и нозете, додека жена на 79 години и маж на 75 години претрпеле акутна стресна реакција. На повредените веднаш им била пружена потребната медицинска помош на лице место.

Во нападот биле оштетени две повеќекатни згради, четири гаражи, а еден автомобил целосно изгорел во пожар, додека уште три автомобили се оштетени. Дополнително, биле пријавени неколку пожари во градот.

Исто така, во ноќниот напад со беспилотни летала врз Харков, повредени се една жена и тримесечно бебе, соопшти шефот на Харковската област, Олег Синегубов. Тој информира дека како резултат на гранатирањето во Шевченковскиот округ, девојче на возраст од 2,5 месеци доживеало акутна стресна реакција.

Оваа информација ја пренесува Украинската информативна агенција „Укринформ“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран