УТРО.мк

Руски воздушни удари: Илјадници згради во Киев без греење

Руски воздушни удари: Илјадници згради во Киев без греење
Vero

Речиси 6.000 згради во Киев останаа без греење по масивниот руски воздушен напад што се случи во текот на ноќта, соопшти градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко. Нападот доаѓа во услови на екстремно ниски температури, при што утрово во Киев беа измерени минус 12 степени Целзиусови.

Покрај главниот град, сериозно е погоден и северниот регион Чернихив, каде што стотици илјади граѓани останале без електрична енергија. Регионалната енергетска компанија информира дека при нападот е оштетен голем енергетски објект во близина на градот Нижин.

Тешка ситуација е регистрирана и во Харков, каде што најмалку 19 лица се повредени во ноќните руски воздушни напади. Меѓу повредените има бремена жена и дете, изјави градоначалникот Игор Терехов.

Според неговите информации, нападите погодиле станбени згради, приватни куќи, студентски дом во кој биле сместени раселени лица, како и болница и породилно одделение. Харков и претходно беше цел на напади, при што на 17 јануари беше оштетена критична инфраструктура во индустриски дел од градот, а еден ден подоцна во напад беше убиена една жена.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран