УТРО.мк

Вкупен неделен промет од 108,7 милиони денари, со зголемена активност на официјалниот пазар и стабилен обврзнички сегмент

Вкупен неделен промет од 108,7 милиони денари, со зголемена активност на официјалниот пазар и стабилен обврзнички сегмент
Vero

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

 Во периодот од 20 до 23 јануари 2026 година, на Македонската берза беа реализирани 367 трансакции со вкупен промет од 108.699.045 денари, при тргување со 287.113 хартии од вредност . Индексот МБИ10 неделата ја заврши со благ пад од околу 0,3%, додека ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Тргувањето беше концентрирано во финансискиот и фармацевтскиот сектор, со Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол како најликвидни акции во неделата.

 

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 33.090.057 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 25.963.421 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 18.828.612 денари

Топ добитници

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) +0,30%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) +1,26%

● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,10%

Топ губитници

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) –0,96%

● Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (SPAR) –4,35%

● Хотели Метропол АД Охрид (MET) –15,25%

Обврзнички пазар

Во неделата беа реализирани 28 трансакции со државни обврзници, во вкупен износ од 15.932.211 денари, од кои најголем дел се однесуваат на сериите:

● „Р. Македонија – денационализација 23“ – 1.887.551 денари

● „Р. Македонија – денационализација 24“ – 14.044.660 денари

Цените на обврзниците се движеа во стабилен опсег од 93 до 94 евра, при непроменет индекс ОМБ (129,44), што укажува на мирен и предвидлив пазар на државни хартии од вредност. Неделата од 20 до 23 јануари 2026 година беше карактеризирана со висок промет и стабилна ликвидност, со вкупен обем од 108,7 милиони денари.Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол беа водечки по трговска активност, додека финансискиот сектор останува клучен двигател на пазарот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран