УТРО.мк

Шест возачи исклучени од сообраќај за алкохол и брзина: еден возел 205 км/ч

Шест возачи исклучени од сообраќај за алкохол и брзина: еден возел 205 км/ч
Vero

Шест возачи исклучени од сообраќај, пет под дејство на алкохол и еден возел со брзина многу поголема од дозволеното

На 23.01.2026 година во 10:46 часот на автопатот А1, во близина на село Милетково, гевгелиско полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.К.(52) од Република Бугарија. При контрола со радар било констатирано дека А.К. управувал патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки со брзина од 205 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е 120 километри на час. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и против истиот е поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.

На 24.01.2026 година во 00:48 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(33) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле „мопед“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта.

На 24.01.2026 година во 01:30 часот на ул. „11 Октомври“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ѕ.Р.(44) од Свети Николе. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Ѕ.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,72 промили алкохол во крвта.

На 24.01.2026 година во 01:46 часот на магистралниот пат А-3, во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициско одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Н.В.(23) од с. Дулица, Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта.

На 24.01.2026 година во 03:14 часот на ул. „7 Ноември“ во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.М.(51) од село Миравци, гевгелиско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал И.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта.

На 24.01.2026 година во 01:50 часот на крстосницата од ул. „Леце Котески“ со ул. „Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Х.Р.(38) од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „туран“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,73 промили алкохол во крвта.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран